Лидерот на репрезентацијата на Украина, Станислав Жуков го засили тимот на Спартак Москва каде што пристигна од Мотор Запорожје, а во интервју за украинскиот xsport.ua раскажа како ја донел одлуката за трансферот.
Жуков истакна дека за неговиот потпис имало интерес од екипи Австрија и Германија, но во консултација со неговаа мајка одлучил да се пресели во Москва.
„Секој трансфер за мене е голем предизвик. Ниту едно потпишување или продолжување на договорот не беше лесно за мене. Овој процес ми одзема многу енергија. За прв пат во мојата професионална кариера се консултирав со мајка ми. Прво разговарав со неа за можната промена на живеалиштето, претходно родителите никогаш не учествувале во одлуките. Сопругата ми рече дека ниту една моја одлука досега не била погрешна ниту во кариерата ниту за семејството. Накратко тие го кажаа следново: ние го поддржуваме твојот избор и ќе те следиме“, рече Жуков.
Станислав Жуков е лев бек, кој ќе му прави друштво на Александер Деревен во составот на Спартак Москва, а покрај за Мотор, има настапувано за бундеслигашот Гумерсбах.