Ја победија Македонија, па славеа роденден во соблекувална (ВИДЕО)

Репрезентативците на Словенија денеска забележаа победа против Македонија на стартот на втората рунда со 31:21 и најавија битка до крај за пласман во четврт-финалето.

Словенците после средбата имаа можност да прослават, а воедно му укажаа и голема чест на селекторот Љубомир Врањеш.

Тие го честитаа роденденот на неговата ќерка откако снимија видео и го поставија на интернет така што овозможија селекторот да се почувствува горд на неговите момци кои играат одлично на ова првенство.

Како изгледаше честитката погледнете во видеото во продолжение.