Екс ракометарот на Вардар и поранешен член на репрезентацијата на Чешка, Јан Собол, на 38 години ја заврши играчката кариера.
Искусното десно крило на најдобар можен начин се прости од ракометните терени, со дупла круна, која ја освои со неговиот матичен клуб, Карвина.
Собол во својата кариера го носеше дресот и на шампионот од Македонија, Вардар. Во таборот на „црвено-црните“ настапуваше во сезона 2011/12 и беше дел од екипата што ја освои првата титула во регионалната СЕХА лига.
Беше дел и од екипите на Татран Прешов, Азоти Пулави, Монпелје и Дижон. За репрезентацијата на Чешка настапуваше во периодот од 2005 до 2018 година.
Одигра вкупно 138 натпревари и постигна 363 погодоци во репрезентативниот дрес. Играше на четири континентални собири, додека на Мундијалот настапи двапати.