Кружниот напаѓач на унгарскиот тим Вац, Река Месарош, реши да ја заврши кариерата на 26 години.
Поранешната репрезентативка на Унгарија, сепак ќе остане во ракометот и ќе биде од раководната структура на Вац.
„Во последно време тренинзите и натпреварите многу влијаеја на моите зглобови. Не можев да се концентрирам на ракометот, играта не ми беше повеќе задоволство. Срцето ми велеше да ја продолжам кариерата, но умот ми велеше да ја завршам. Немав лоша кариера“, вели Месарош.
Таа одигра 51 натпревар за унгарската селекија, а во 2015 година ја освои шампионската титула со Ференцварош.