„Јас сум МВП на ракометниот терен, а жена ми е МВП во менување пелени“

Домагој Дувњак оваа година освои сребрен медал на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, потоа ја освои титулата во Бундес лигата и беше прогласен за МВП.

Првпат беше прогласен за најкорисен играч во силната конкуренција во 2013 година, но како член на Хамбург.

„Убаво е чувството, бидејќи гласаа спортски директори, навивачи и тренери на сите клубови. Дополнителен мотив да си покажам и себе и на другите дека се уште можам да играм на високо ниво“, вели Дувњак.

Тој неодамна стана татко и го доби синот Шиме.

„Се уште не сум научил да менувам пелени, морам да бидам искрен. Тоа е една нова улога за мене, но едноставно уживам во овие моменти. Одлично спијам периодов. Јас сум МВП на теренот, но мојата сопруга Луција е МВП во менување пелени“, вели Дувњак.