Јапонците сакаат да се откажат Олимписките игри

Голем дел од жителите на Јапонија сакаат да се откажат Летните олимписки игри во Токио планирани за ова лето.

Новинската агенција „Кјудо“ спроведе истражување меѓу јапонските жители, а голем дел од нив сакаат Олимписките игри да бидат откажани, дури 39,2%. Не се знае точниот број на испитаници, но се претпоставува дека се работи за голема бројка.

24,5% од испитаниците имаат позитивно мислење за одржувањето на Олимписките игри во нивната земја и не сакаат повторно да бидат откажани, додека 32,8% мислат дека треба да се презакажат во некој друг подобар период.

На анкетата, 49,3% изјавиле дека штафетата на олимпискиот факел треба да се откаже во регионите каде има високи ниво на инфекција на ковид-19.

За ракометните турнири веќе беа извршени ждрепките и формирани групите, па доколку се игра во Токио, не очекуваат навистина интересни и возбудливи натпревари на лето.