По трумфот над Ангола, селекцијата на Црна Гора загуби од домаќинот Јапонија со 29-26 на Олимписки игри и го доведе под знак прашалник местото во четвртфиналето на најголемата спортска манифестација.
Избраничките на Бојана Поповиќ потфрлија потполно во натпреварот, иако тие го диктираа темпото и водеа во текот на првиот дел со 6-10. Но уште во првиот дел домаќинките направија комплетен пресврт и на пауза заминаа со водство, 14-13.
Беше 16-14 на стартот на вториот дел, Јапонија се одлепи на плус пет 19-14 и оттогаш Црногорките никако не можеа да се вратат во игра за позитивен резултат, па мораа да се помират со поразот.
Јованка Радичевиќ и Мајда Мехмедовиќ не дадоа ниту еден гол од игра од крилна позиција, иако Мехмедовиќ погоди на празна мрежа. Најдобар стрелец беше Татјана Брновиќ со шест гола.
Кај Јапонките, клучна фиргура беше голманката Сакура Каметани со 21 одбрана, а по шест пати погодија Икехара и Хара.