Репрезентацијата на Јапонија го потврди доброто издание на СП и го освои третото место во групата 4 од главната фаза откако во последното 5. коло ја совлада Аргентина со 31:27.
Во првото полувреме Аргентина во поголемиот дел беше во предност, но Јапонките на полувреме водеа 15:14. Јапонија го диктираше темпото и во продолжение и резултатот, па имаше највисоки четири гола и на крајот оствари нова победа.
Нацуку Аизава, Кахо Накајама и Саки Хатори со по седум гола ја водеа Јапонија до победата, додека во составот на Аргентина се истакна Елке Карстен со 13 погодоци, а Малена Каво погоди петпати.
Чешка ја оствари првата победа во главната фаза од групата 3 и во 5. коло славеше над претставник од Африка, Конго со 24:21 во дуел за избегнување на последното место.
Првиот дел беше максимално израмнет, екипите го менуваа водството кое беше најмногу два гола. На полувреме беше 11:11, а во продолжението ракометарките на Чешка рано создадоа предност од четири гола што беше доволно за конечен триумф.
Со по четири гола најефиакасни во составот на Конго беа Дивоко Кангу и Дијан Геле Јимга. Во репрезентацијата на Чешка најпрецизна беше Доминика Захова со шест гола, a петпати погоди Вероника Мала.