Јанц за 24Ракомет ТВ: На Ф4 нема фаворити, ќе дадеме сѐ од себе да го победиме Кил (ВИДЕО)

Претстојниот викенд ќе се одигра Ф4 турнирот во Лигата на шампионите во Келн. Актуелен бранител на титулата е каталонскиот гигант, Барселона, која во полуфиналето за противник го има составот на Филип Јиха, моќниот Кил. Репрезентативецот на Словенија, Блаж Јанц ќе има шанса по вторпат да ја освои титулата во елитното европско натпреварување. Десното крило, кое претставува важна алка во составот на Карлос Ортега смета дека на овој Ф4 нема истакнати фаворити бидејќи сите четири екипи имаат шанса за освојување на првото место. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на словенечкиот репрезентативец...