Двобојот меѓу Србија и Франција е еден од двата кои денеска ќе бидат одиграни од квалификациите за ЕП 2022 со што ќе бидат отворени натпреварите кои ќе се играат до недела во рамки на овие квалификации.
Средбите се играат сега бидејќи во март дел од репрезентациите ќе мораат во квалификации за Олимписките игри така што ќе нема простор тогаш да бидат одиграни.
За повеќето селекции овие квалификациски средби воедно ќе бидат и генералка пред заминувањето на Мундијалот во Египет така што доаѓаат во убаво време и се убава можност за проверка на формата.
Како што е познато Македонија денеска игра против Чиле, но тоа е пријателска средба со оглед на тоа што Македонија своите дуели против Данска ќе ги одработи во март бидејќи Данците имаат веќе пласман на Олимпијадата и не мораат во квалификации.
Кои се средбите што од денеска до недела ќе се играат во квалификациите можете да погледнете во продолжение. Денеска играат и селекциите на Белорусија и Норвешка.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022
ГРУПА 1
ВТОРНИК, 5 ЈАНУАРИ
17:00ч
СРБИЈА – ФРАНЦИЈА
САБОТА, 9 ЈАНУАРИ
19:00ч
ФРАНЦИЈА – СРБИЈА
ТАБЕЛА: Првите две кола беа целосно одложени. Никој уште нема одиграно натпревар.
ГРУПА 2
СРЕДА, 6 ЈАНУАРИ
13:45ч
АВСТРИЈА – ГЕРМАНИЈА
18:30ч
ЕСТОНИЈА – БИХ
НЕДЕЛА, 10 ЈАНУАРИ
18:10ч
ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА
20:00ч
БИХ – ЕСТОНИЈА
ТАБЕЛА: 1. Германија 4 бода (60:44); 2. Австрија 2 (31:28, -1 меч); 3. БиХ (21:25, – 1 меч); 4. Естонија 0 (51:66).
ГРУПА 3
* Следните натпревари се во март
ТАБЕЛА: 1. Русија 3 бода (57:55); 2. Украина 1 (55:57); 3. Чешка 0 (-2 меча); 4. Фарски острови 0 (-2 меча).
ГРУПА 4
СРЕДА, 6 ЈАНУАРИ
20:30ч
ПОРТУГАЛИЈА – ИСЛАНД
НЕДЕЛА, 10 ЈАНУАРИ
17:00ч
ИСЛАНД – ПОРТУГАЛИЈА
ТАБЕЛА: 1. Португалија 4 бода (65:48); 2. Исланд 2 (36:20, -1 меч); 3. Израел 0 (22:31, -1 меч), 4. Литванија 0 (46:70).
ГРУПА 5
СРЕДА, 6 ЈАНУАРИ
17:00ч
ТУРЦИЈА – ПОЛСКА
18:15ч
ХОЛАНДИЈА – СЛОВЕНИЈА
САБОТА, 9 ЈАНУАРИ
20:00ч
ПОЛСКА – ТУРЦИЈА
НЕДЕЛА, 10 ЈАНУАРИ
20:00ч
СЛОВЕНИЈА – ХОЛАНДИЈА
ТАБЕЛА: 1. Холандија 2 бода (27:26); 2. Словенија 0 (-1 меч); 3. Полска 0 (-1 меч); 4. Турција 0 (26:27).
ГРУПА 6
ВТОРНИК, 5 ЈАНУАРИ
15:30ч
БЕЛОРУСИЈА – НОРВЕШКА
ЧЕТВРТОК, 7 ЈАНУАРИ
20:30ч
ИТАЛИЈА – ЛЕТОНИЈА
ПЕТОК, 8 ЈАНУАРИ
18:15ч
НОРВЕШКА – БЕЛОРУСИЈА
НЕДЕЛА, 10 ЈАНУАРИ
14:10ч
ЛЕТОНИЈА – ИТАЛИЈА
ТАБЕЛА: 1. Норвешка 2 бода (39:24); 2. Белорусија 0 (-1 меч); 3. Летонија 0 (-1 меч); 4. Италија 0 (24:39).
ГРУПА 7
* Следните натпревари се во март
ТАБЕЛА: 1. Данска 4 бода (71:48); 2. Македонија 2 (58:47); 3. Швајцарија 0 (49:56); 4. Финска 0 (46:73).
ГРУПА 8
* Следните натпревари се во март
ТАБЕЛА: 1. Шведска 4 бода (63:46); 2. Романија 2 (66:60); 3. Црна Гора 2 (59:61); 4. Косово 0 (41:62).