На натпреварот за 7. позиција на јубилејното 50. издание на Струшкиот турнир меѓу Бутел и Струга, фаворит беше составот на Кристијан Грчевски, но Струга покажа дека сезонава ќе биде незгоден ривал за сите, и заслужено со победа од 26:24 (15:10), домашните ракометари се радуваа на првиот триумф на Струшкиот турнир оваа година. Еден од подобрите на теренот беше искусниот Тодор Јанкуловски, кој истакна дека подобрата одбрана во вторите 30 минути, била клучен фактор за победата над Бутел. Во продолжение погледнете ја целосната изјава на десното крило на Струга.