Репрезентативката на Македонија, Ангела Јанкуловска, нема да ја менува клупската средина во новата сезона и ќе продолжи да го носи дресот на Ѓорче Петров.
Битолчанката и раководството на македонскиот шампион се договорија на нова соработка, со важност од една година.
Јанкуловска во редовите на Ѓорче Петров пристигна пред две сезони од Куманово, а својата кариера ја започна во Пелистер.
Ѓорче Петров претходно ја продолжи соработката и со Емилијана Ризоска, Марија Јанкуловска, Ива Божиноска, Слободанка Кицеска и Анастасија Николовска
Ново име во таборот на Симе Симовски е голманката од Вардар, Јована Трајкоска.