Чуварот на мрежата Јане Цветковски, по крајот на минатата сезона, го напушти тимот на Пролет, кој беше дел од плеј-аутот.
Цветковски во новата сезона ќе биде дел од новиот суперлигаш Алкалоид, каде што би требало да работи како тренер на голманите.
Минатата сезона во Алкалоид бранеа кадетскиот и младинскиот репрезентативец Иван Галевски и Ѓорѓи Ерманоски, а од ова лето им се придружува сениорскиот репрезентативец на Македонија, Благојче Трајкоски.
34-годишниот Цветковски покрај за Пролет, во богатата кариера бранеше и за словачкиот Тополчани, босанската Босна, шведските Иштад и Хелсинборг, унгарскиот Егер, како и бундеслигашот Вецлар.
Алкалоид во новата сезона ќе биде дел од групата А во Суперлигата и ќе игра заедно со Вардар, Вардар Неготино, Куманово, Струга, Охрид, Прилеп и Бутел Скопје.