Јанеска и Гакидова ќе играат полуфинале во Европа

Двете интернационалки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, заедно со екипата на Коњалти обезбедија пласман во полуфиналето од Европскиот Куп.

Коњалти иако на реванш дуелот против Измир можеше да си дозволи мал луксуз поради убедливата победа на првиот дуел, сепак, не попушти и триумфираше со три гола разлика, 36:33.

Тимот на Јанеска и Гакидова на првиот одигран натпревар минатиот викенд забележа убедлива победа со 39:28.

На реванш натпреварот двете ракометарки од Македонија постигнаа вкупно шест погодоци.

Јанеска дуелот го заврши со четири погодоци и неколку поделени асистенции кон своите колешки, додека Гакидова двапати се запиша во листата на стрелци.

Коњалти за противник во полуфиналето од Европскиот Куп го доби словачкиот шампион Михаколвце, клуб во кој настапува македонската репрезентативка Александра Коловска.