Екипата на Коњалти, во која настапуваат двете ракометарки од Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, обезбеди реми на гостувањето кај Јаликавак, 29:29, во натпревар од 17. коло во шампионатот на Турција.
Гакидова на овој натпревар беше меѓу главните стрелци во екипата на Коњалти, постигна четири погодоци и одигра солидно во одбраната, додека Јанеска дерби дуелот го заврши со еден постигнат гол.
Со големиот освоен бод, ракометарките на Коњалти остануваат во игра за втората позиција на табелата и место во европските купови, бидејќи заостануваат само еден бод зад второпласираниот Јаликавак, кој има 27 бодови на свое конто.
Коњалти во следното коло ќе има голем предизвик, на домашен терен ќе го пречека актуелниот лидер, Кастамону. Првиот натпревар меѓу двете екипи заврши со убедлива победа на Кастамону од 34:28.