Јанеска и Гакидова со Коњалти стигнаа до европска титула

Двете репрезентативки на Македонија, Моника Јанеска и Ивана Гакидова, заедно со екипата на Коњалти ја освоија шампионската титула во Европскиот Куп.

Коњалти на реванш дуелот против Гуардес сѐ надмина себе си и триумфираше со дури 13 гола разлика, 33:20 (16:7), со што ја надомести негативата од првиот дуел, кој го загуби со 23:17.

На реваншот блесок имаше поранешната младинска репрезентативка на Црна Гора, Сања Премовиќ, која постигна девет погодоци.

Гакидова беше меѓу најдобрите стрелци, имаше четири реализации, додека Јанеска двапати се запиша во листата на стрелци и одигра на висина на задачата во одбраната.

Турскиот клуб во домашниот шампионат одигра одлично во регуларниот дел и заврши на 2. позиција.

Во полуфиналето за ривал го доби незгодниот тим на Измир, во кој игра екс ракометарката на Кометал ЃП, Јелиз Озел.