Двете македонски интернационалки Моника Јанеска и Ивана Гакидова и во наредната сезона ќе настапуваат во турскиот шампионат.
Средниот бек и кружниот напаѓач ги продолжија соработките на уште една сезона и ќе ги бранат боите на Коњалти и понатаму.
Тие имаа голем придонес во историскиот резултат на овој клуб и освојувањето на четвртото место, па раководството не се двоумеше да им понуди нов договор.
Јанеска одамна е во Турција и настапува низ тамошните клубови, додека за Гакидова по настапите во Франција, Норвешка и Чешка, ова беше прва сезона таму.
Со Коњалти, двете Македонки следната сезона ќе настапуваат и во ЕХФ Европскиот Куп.