Репрезентацијата на Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство 2022, откако во дуелот против Холандија беше поразена со 30:15 во натпревар од групата Ц.
Една од поискусните во македонскиот табор, средниот бек Моника Јанеска истакна дека денес имаше искусен ривал, кој во своите редови има многу ракометарки со големо искуство од настапи во Лигата на шампионите.
,,Имавме навистина лош ден. Сакам јавно да се заблагодарам за поддршката. Се надевам дека со Романија резултатот ќе биде на наша страна и дека ќе ја израдуваме целата нација. Против нас имавме искусни ракометарки, односно играчи од Лигата на шампионите и мислам дека на овој шампионат Холандија ќе се бори за еден од медалите. Првпат играме на едно ЕП, постои и грч кај нас и мислам неискуството си го направи своето. Ние веруваме во чудо во последниот натпревар против Романија. По десет години играме на ЕП, се бодриме меѓу себе, имаме поддршка и од претседателот на РФМ, за кого испраќам голема благодарност за оваа организација “, изјави Јанеска.
Во последното, 3 коло, од групата Ц, Македонија ќе игра против Романија, која вечерва во терминот од 20:30 часот ќе игра против актуелниот олимписки првак Франција.