Јагуриновски: Со повеќе трчање и агресивност да ја изненадиме Португалија

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, денеска ја имаше првата прозивка пред двомечот од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Португалија.

Членот на Вардар, Томислав Јагуроновски смета дека за поволен резултат во квалификациските натпревари против Португалија ќе треба да се одигра на високо ниво во одбраната.

,,Ние сме сега подмладена репрезентација, без неколку поискусни ракометари, ќе одиме без притисок да одиграме најдобро што можеме и секако, се надеваме на победа. Мислам дека ќе треба да одиграме во одбраната многу квалитетно, да има многу дуели и со повеќе трчање и агресивност да пробаме да ги изненадиме. Бидејќи одигравме слабо во одбраната на Светското првенство, примивме многу голови, треба да ја попоравиме одбраната”, изјави Јагуриновски.

Македонија ќе ја пречека Португалија на 9 март во четврток во СЦ „Борис Трајковски од 19:00 часот, додека реваншот ќе биде на 12 март во Матосињос.

Лазаров прозиваше, Лембанов ново име во стручниот штаб