Тимот на Тор Акурејри, каде што игра Томислав Јагуриновски, а тренер е Стевче Алушовски, го запиша третиот пораз во Втората лига на Исланд.
Тор загуби на гостински терен од Фјолнир со 28-23 во шестото коло, а македонскиот репрезентативец беше најдобар стрелец.
Јагуриновски покажа дека самодовербата му е на високо ниво и успеа да погоди дури осум пати.
Тор на Алушовски и Јагуриновски сега има три победи и три порази и се наоѓа на четвртото место на табелата.