Репрезентативецот на Хрватска и екс ракометар на Металург, Халил Јагањац доби шанса да заигра на Светското првенство во Египет.
Младиот и талентиран ракометар е роден во Хрватска, но има потекло од Босна и Херцеговина. Во изјава за домашните медиуми се осврна на БиХ.
„Родителите ми се од БиХ, но никој од таму не ме повика за репрезентација или за било што друго. БиХ е моја татковина, но роден сум во Хрватска и моето детство беше со ’каубојско’, растев со нашите ракометари. Се во животот што видов или работев е поврзано за Хрватска и нема поголема чест и задоволство да ја претставуваш Хрватска во било која смисла. Тоа е посебна љубов и никогаш не би можел да настапам за било кој освен за Хрватска“, вели Јагањац за „24сата“.
Јагањац беше дел од ПСЖ и Металург, а моментално настапува во хрватскиот шампионат за екипата на Нексе Нашице.