Играчот кој во дел од кариерата го мина во Македонија, Халил Јагањац повторно ќе игра пред македонската публика на дуелот со Еурофарм Пелистер.
На првиот натпревар екипата од Хрватска имаше добро издание особено во одбраната и обезбеди три гола предност пред реваншот во Битола. Јагањац го искажа задовлството што ќе биде дел од тимот и ќе може да помогне да стигнат до пласман во четвртфиналето.
„Мило ми е што можам да му помогнам на мојот тим на претстојниот натпревар. Верувам дека треба да се потрудиме да го повториме перформансот во одбраната што го прикажавме во Нашице. Исто така мислам дека имаме доста простор да напредуваме во нападот што се надевам дека ќе се случи на дуелот со Еурофарм Пелистер“, рече Халил Јагањац.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.