Македонската машка репрезентација денеска пристигна во полскиот град Краков, кој ќе биде наша база во следните седум дена.
Нашата делегација е сместена во хотелот „Новотел“ во Краков кој има високи оценки и коментари на букинг порталите.
Покрај Македонија, и трите ривали Норвешка, Аргентина и Холандија, во овој хотел се сместени и уште делегациите на четирите репрезентации од групата А, а тоа се Иран, Шпанија, Црна Гора и Чиле.
Хотелот располага со 200 двокреветни соби, ресторан, бар, спа центар, базен, осум соби за состаноци, фитнес центар…па македонските ракометари ќе ги имаат сите услови во Краков.
Првиот меч Македонија го игра на 13 јануари со селекцијата на Норвешка.