Големо славје следуваше помеѓу ракометарите откако Македонија ја победи Чешка со 27-25 и обезбеди пласман на Мундијалот во Полска и Чешка наредната година.
Во соблекувалната ракометарите го запеаа и познатиот македонски евергрин на групата Меморија – „Оган под ѕвездите“.
Со овој пласман на Светското првенство ќе потсетиме, Македонија обезбеди и 12. учество во низа на големите натпреварувања и 15. вкупно.
Ривалите на СП на Македонија ќе бидат познати на 2 јули.