Четирикратната освојувачка на медали од големите натпеварувања и трикратна освојувачка на Лигата на шампионите, а моментално ракометарка на Оденсе, Нике Грот најави крај на својата кариера.
Една од најдобрите ракометарки во светот изминатите години објави дека на крајот на сезонава ја завршува и нејзината богата кариера. 32 годишната ракометарка за данскиот ТВ2 Спорт изјави дека последниот натпревар со Оденсе сезонава ќе биде и нејзин последен во кариерата.
„Телото ми е многу истрошено што значи дека не можам да играм на потребното ниво. Се чувствувам добро во Данска и среќна сум што се вратив. Во ракометот сè уште го има истиот притисок како порано. Тешко ми е кога не можам да одговорам на обврските бидејќи сакам работите да ги правам со 100% ангажираност“, рече Нике Грот.
Поранешната репрезентативка на Холандија се откажа од настап во наицоналниот тим после освојувањето на бронзениот медал на ЕП во 2018 година. Кариерата ја започна во Колпинг, потоа играше за Вест Фрисланд, Холстебро, Мидтјиланд и Ѓер. Со репрезентацијата на Холандија освои сребрени медали на СП 2015 и ЕП 2016, а брознени медали на СП 2017 и ЕП 2018.