Репрезентативката на Холандија, Естевана Полман се најде во мал скандал во тимот на Есбјерг откако на натпреварот од Лигата на шампионите против Подравка одби да влезе на теренот.
Таа имаше повреда поради која беше долго надвор од теренот и сега полека се враќа во игра, но на средбата која Есбјерг ја доби со 30:17 таа не сакаше да влезе на терен. Тренерот ја повикал Полман, но таа останала да седи што е окарактеризирано како нарушување на клупската дисциплина.
Поради одбивањето да влезе во игра таа е суспендирана и не беше на тренингот вчера, а утре нема да биде во комбинација за настап на првенствениот натпревар против Скандерборг.
Според информациите за нејзинаата судбина ќе решава раководството на клубот така што сè ќе зависи од состанокот на Полман со челниците на тимот на Есбјерг.
Инаку, Полман е една од најдобрите ракометарки кои се дел од репрезентацијата на Холандија и ракометарка која во тимот на Есбјерг е од 2013 година, а има договор до летото во 2023 година.