Еден од најдобрите ракометари на денешницата и член на екипата на Барселона, Исланѓанецот Арон Палмарсон ја почна 2021 година со лоша вест.
Поради повреда на коленото тој мораше да се повлече уште пред да им се приклучи на подготовките за Светското првенство во Египет.
Ова е лоша вест за селекторот на Исланд пред тренинзите во 2021 година и финиширањето на подготовките со оглед на тоа што остана без најважната алка во националниот тим.
Прегледите од докторите на репрезентацијата покажаа дека Палмарсон нема да може да игра цел јануари, а неизвесно е дали ќе биде подготвен и за натпреварите од Лигата на шампионите во февруари.
Според ова Исланд останува ослабен за контролните средби и за Мундијалот во Египет каде што Исланд е во групата Ф со селекциите на Португалија, Алжир и Мароко.