Српскиот репрезентативец, Дарко Ѓукиќ после две сезони во Мешков Брест се пресели во Португалија, во Спортинг од Лисабон.
Некогашниот играч на Металург во изјава за официјалната веб страна на Спортинг ги сподели првите впечатоци по пристигнувањето во новиот клуб и го истакна задоволството од условите во Португалија.
„Навистина ми се допаѓа Лисабон. Спортинг е одличен клуб особено во фудбал. Но, и во ракомет тимот се стреми кон титули. Драго ми е што сум тука и што ќе соработувам со нови играчи. Имаме сè што е потребно да постигнеме успех и добри резултати. Сега треба добро да се подготвиме пред почетокот на сезоната“, рече Ѓукиќ.
Дарко Ѓукиќ беше ракометар на Металург во сезоната 2014/15, а пристигна од српски Железничар. После само една сезона замина во Бешикташ, а потоа играше и за Келце и Мешков Брест по две сезони.
Спортин Лисабон во оваа сезона, за разлика од претходните место во Лигата на шампионите, ќе настапува во Лигата на Европа.