Ракометарите на Еурофарм Работник денеска загубија на гостувањето во Белорусија кај Мешков Брест. Шампионот на Белорусија славеше со 31:22, а ова беше втор пораз во кратко време за тимот од Битола во СЕХА лигата.
Еден од ракометарите пред неколку сезони играше во Мешков Брест, Милан Ѓукиќ после средбата имаше свој коментар за она што беше прикажано на теренот.
„Можеби немавме среќа на овој натпревар, но среќата треба да се залужи. Примивме многу погодоци во првиот дел, дури 19. Потоа во второто полувреме успеавме да спуштиме на 12 погодоци, но што да правиме. Не успеавме да постигнеме доволно погодоци и на крајот девет гола разлика е многу“, изјави Ѓукиќ.
Следната средба во СЕХА за ракометарите на Еурофарм Работник е дури на 5 ноември, а тогаш одново ќе ги одмерат силите со Мешков Брест, но овој пат во Битола.