Ракометарите на Вардар по поразот од Нексе, ги очекува вториот натпревар од регионалната СЕХА лига.
Избраниците на Давид Дејвис ќе гостуваат во Нови Сад кај српскиот шампион Војводина во потрага по прв триумф. Десното крило Дарко Ѓукиќ очекува тежок натпревар.
„Очекуваме тежок натпревар, нема да биде нималку лесно. Војводина игра дома, но ние одиме на победа и мора да го добиеме овој натпревар. Тие се во ист состав како и лани, најмногу им зависи играта од Прибак и Николиќ. Одиме по два бода, не смееме да губиме лесно топки, да играме добра одбрана, подобар напад отколку со Нексе, тоа се некои наши цели, па ќе видиме што ќе реализираме од тоа утре“, вели Ѓукиќ.
Натпреварот меѓу Војводина и Вардар ќе се игра утре со почеток во 17:30 часот во Нови Сад.