Ѓукиќ: На 59 години се чувствувам младо и амбициозно, ќе ги вратам насмевките во Татабања

Поранешниот селектор на Македонија и тренер на Вардар, Драган Ѓукиќ пред десетина дена седна на клупата на Татабања за да и помогне на екипта да ги надмине кризните моменти во новата сезона.

Една од главните цели на Ѓукиќ е да ги врати расположението и атмосферата во тимот за пред се ракоемтарите да бидат задоволни. Во интервју за „Немзети Спорт“, спрскиот стратег говореше на повеќе теми.

„Дојдов во Татабања за да пронајдам решение за моменталните проблеми, засега е прерано да зборувам за иднината. Сите мораме да работиме бидејќи само заедно можеме да излеземе од оваа ситуација. Најчесто одам чекор по чекор, но веќе го гледав следниот противник во Лигата на шампионите, Кадетен Шафхаузен. Не губам време да ги барам грешките од минатото, ме интересира само сегашниот момент. Сите знаат за финансиските проблеми, коронавирусот, повредите и заминувањето на многу играчи, мораме да ги запоравиме овие проблеми. Сакам да воведам нов систем, нема да биде лесно ниту ќе се случи преку ноќ. Најголем дел од енергијата ја трошам на враќање на насмевката на лицето кај ракометарите. За да го сторам ова морам добро да ги запознаам играчите, а тие треба да знаат дека можат да сметаат на мене во секое време. Во првите десет дена поставив неколку правила, иако и понатаму признавам дека тимот не е добар според играчите кои играат во него, туку во кој систем играат. На пример ПСЖ е полн со пари и ѕвезди но не може да ја освои Лигата на шампионите. Како и да е мојот претходник Владан Матиќ постигна исклучителни резултати во изминатите седум години и се уште се чувствува неговата енергија. “, рече Ѓукиќ.

Очигледно е дека Унгарија му се допаѓа на Ѓукиќ и тој самиот вели дека се чувствува како дома.

Во Унгарија се чувствувам како да сум се вратил дома. Иако можев да заминав до Романија во некој од женските тимови, ја одбрав оваа опција бидејќи ме привлеќе предизвикот. Имам некое почитување во земјата и ќе се трудам да не го расипам мислењето за мене. За мене постои само еден правец, а тоа е напред па ако треба и да повлечам се со себе. Во последно време имаше гласови дека намерно избегнувам работа, но вистината е дека пишував книга и ја промовирам ширум Европа. Дури и со моите 59 години се чувствувам младо, амбициозно и среќно што сум повторно на теренот“, заврши Ѓукиќ.

Во првиот натпревар на клупата на Татабања Драган Ѓукиќ го предводеше тимот до победа против екипата на Чурго на гостински терн со 22:27.