Ѓукиќ за 24 Ракомет ТВ: Постојано ни недостигаше едно скалило за четврт-финале (ВИДЕО)

Десното крило на Еурофарм Пелистер, Милан Ѓукиќ зборуваше пред камерата на 24 Ракомет ТВ веднаш после средбата и се обиде да објасни за она што се случуваше на теренот. Според него во текот на целата средба им недостигал тој еден гол плус за да дојдат до чекор поблизу до четврт-финалето односно едно скалило за да го направат успехот кој го посакуваат.