Еурофарм Пелистер целосно го надигра тимот на Татабања во Лигата на Европа и славеше победа од 33:20 со што ја запиша втората победа во натпреварувањето.
После натпреварот свое видување имаше тренерот на Татабања, Драган Ѓукиќ кој го призна поразот и истакна дека колку добро играл Еурофарм Пелистер дури и поразот не е толку убедлив.
„Морам да честитам на играчите на Жељко Бабиќ на одличната игра, беа подобри во сите сегменти во играта, имаа енергија, желба, добра подготовка на натпреварот и на начинот на кој играа. Начинот на кој играа одбрана и како го подготвуваа секој напад беше таков што на крај резултатот е дури и поволен за нас. Денеска воопшто не беше прашање кој ќе биде победник на натпреварот. Ова е тежок пораз но остнуваат уште многу бодови до крај и ништо не е готово“, рече Ѓукиќ.
Стефан Сунајко се согласи со својот тренер дека денеска биле надиграни.
„Честитики за победата на Еурофарм Пелистер, ние денеска не бевме на ниво, не бевме фокусирани и концентрирани. Мораме да извлечеме поуки од овој пораз. Ништо не е завршено, Лигата на Европа продолжува понатаму и имаме уште натпревари да одиграме. Ни претстои веќе во петок важен натпревар во домашното првенство на кој треба да се фокусираме“, рече Сунајко.