Ракометарите на Делчево Вардар полесно од очекуваното триумфираа на гостински терен против Кичево со резултат 41:30 во плеј-аут борбата во Првата лига.
Првото полувреме помина со интересна и неизвесна борба. Главно водеа гостите со два до три гола разлика, но сепак домаќинот ги поправи грешките и со подобра игра успеа да замине со еден негатива на полувреме, 17:18.
Во второто полувреме ракометарите од Делчево за осум минути игра постигнаа пет, а примија само два гола во својата мрежа, а кичевци немаа сили да направат камбек во мечот и да се борат за позитивен резултат. Делчево Вардар од минута во минута го зголемуваше своето водство и до крајот стигна до убедливи 11 разлика.
Најефикасен во екипата на Делчево Вардар беше Мирче Ѓорѓиев со 12 гола. Во составот на Кичево, Никола Стојчевски беше најефикасен со шест гола.