Тимот на Магура Чиснадие, каде што настапува македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска, забележа триумф во натпревар од 24 коло во романскиот шампионат.
Магура ја совлада фаворизираната Дунареа Браила со 30-27 и се искачи на петтото место на табелата, со големи шанси и за уште погоре до крајот на сезоната.
Ѓорѓиевска беше најефикасна на теренот и постигна девет погодоци од десет обиди, а Хрватката Блажевиќ додаде уште осум.
Тимот на Бузау каде што игра Елена Ливриниќ, го победи Залау со 25-23, а македонската репрезентативка имаше четири гола од четири обиди.