Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска влегува во одлична форма пред Европското првенство кое започнува на 4 ноември.
Десниот бек беше најдобар стрелец во тимот на Магура Чиснадие во поразот од Глорија Бузау 26-23 од четвртото коло во романскиот шампионат.
Ѓорѓиевска постигна шест погодоци на овој натпревар од кои еден беше од пенал, но немаше голема поддршка од колешките во финишот на мечот, кога се решаваше победникот.
Магура Чиснадие по четири кола има биланс од една победа, едно реми и два порази, а следниот натпревар ќе го игра на домашен терен против Рапид Букурешт.