Ѓорѓиевска и колешките дадоа 50 голови, тренерот Сарачевиќ ќе ги чести јагнешко!

Ракометарките на Подравка играат без грешка во хрватскиот шампионат и имаат 17 победи во досега одиграните 17 кола.

Во последниот натпревар Елена Ѓорѓиевска, која даде три гола, и нејзините колешки славеа кај Далматинка со 22-50.

Ова е првпат сезоната Подравка да постигне 50 голови на некој натпревар, па според претходниот интерен договор, тренерот Златан Сарачевиќ, треба да ги чести јагнешко сите ракометарки.

Дали тоа ќе биде мотивација плус за Ѓорѓиевска и нејзините колешки во преостанатите девет меча од шампионатот да бидат уште повеќе ефикасни останува да видиме.