Тимот на Текстилец славеше над Партизан Гевгелија со 41-35, но натпреварот го одбележа гостинскиот ракометар Ѓорѓе Банцалиски, кој постигна дури 20 гола во мрежата на штипјани.
Во првото полувреме домаќините имаа во повеќе наврати предност од два или три гола, но во финишот гевгеличани стигнаа до реми, 13-13, 14-14. Сепак Текстилец на пауза замина со минимална предност, 18-17.
Во вториот дел се играше без одбрани, со многу брзи подогоци. Штипјани диктираа темпо и имаа контрола на резултатот, а клучниот период се случи по 45. минута, кога Текстилец успеа да поведе со плус четири, 28-24.
Предноста не ја испушти до крајот и прослави триумф во прволигашкиот плеј-аут со 41-35.
Ѓорѓе Банцалиски даде 20 гола за гевгеличани, а 11 додаде Иван Велев. Во победничкиот состав на Текстилец се истакнаа Стојанче Ристов со десет гола и Александар Димитров со девет.