Македонскиот интернационалец Даниел Ѓорѓески имаше одлична партија на голот на Будакалаш на мечот против Веспрем.
Тој во поразот од фаворитот со 34-28 во натпревар од 23 коло во унгарскиот шампионат, забележа десет одбрани.
Веспрем победата ја обезбеди во првиот дел, кога направи солидна залиха од пет гола, 16-11, а во вториот дел Будакалаш беше рамноправен ривал.
Ѓорѓески има одлична сезона зад себе во Унгарија и со Будакалаш се бори за место во Лигата на Европа, но заостанува четири бода за петтопласираниот Ференцварош.