Тимот на Будакалас каде што настапува македонскиот голман Даниел Ѓорѓески, забележа победа во второто коло од унгарскиот шампионат.
Будакалас славеше над Веспреми КФТ со 30-24, а големи заслуги за триумфот има и нашиот чувар на мрежата.
Тој влезе во последните десетина минути на теренот и успеа да одбрани пет удари од осум што беа упатени кон неговиот гол во моментите кога гостите имаа активен резултат. Ѓорѓески одбрани и два пенали.
Во следното коло Македонецот и неговиот тим ќе играат против НЕКА на гостински терен.