Ѓорѓески и Будакалаш му откинаа бод на фаворитот Чурго

Тимот на Будакалаш, каде што брани македонскиот голман Даниел Ѓорѓески, одигра нерешено со фаворитот Чурго во натпревар од 18 коло на унгарскиот шампионат.

Мечот меѓу Будакалаш и Чурго заврши 24-24, а своја улога во домашниот тим имаше и македонскиот голман.

Ѓорѓески за 25 минути кои ги мина на теренот, успеа да одбрани пет удари на гостинските ракометари.

Будакалаш со овој освоен бод остана на осмото место на табелата со 17 бодови, но Ференцварош кој е на петтото место што последно води во Европа има 21.

Следен предизвик за Ѓорѓески и неговиот тим ќе биде домашниот натпревар против составот на Цеглед.