Ѓорче Петров со 44 гола ја почна одбраната на Куп трофејот

Актуелниот освојувач на Купот на Македонија, Ѓорче Петров, со убедлива победа ја започна одбраната на трофејот.

Ѓорче Петров одигра како на тренинг против Деспина, постигна 44, а прими само десет гола за 60 минути игра.

Тимот на Симе Симовски уште на полувреме имаше предност од 22:5, па вториот дел беше само формалност.

Емилијана Ризоска беше најрасположена во таборот на Ѓорче Петров, постигна осум гола, седум додаде Петра Јершек. Кај Деспина половина од головите ги постигна Магдалена Ѓорѓиевска.

Куп на Македонија, жени, групна фаза:

група А
Спартак – Шампион 29-19
Металург Автокоманда – Стружанка 39-17
Спартак – Металург Автокоманда

група Б
Астибо – Куманово 16-29
Чаир – Ѓорче Петров 2 39-24
Чаир – Куманово

група В
Скопје – Гевгелија 16-17
Ѓорче Петров – Деспина 44-10
Ѓорче Петров – Гевгелија

група Г
Вардар слоб.
Пелистер – Овче Поле СУ 33-13
Вардар – Пелистер