Македонскиот шампион Ѓорче Петров славеше на гостувањето кај Стружанка во заостанатиот натпревар од 5. коло во Женската лига со убедливи 36-19.
Гостинките на стартот поведоа со 5-0 и најавија дека се дојдени по трите бода. Стружанка фати приклучок, намали на три гола, 8-5, но тоа беше се од домашните ракометарки.
До паузата избраничките на Симе Симовски направија предност од седум гола, 16-9, која во второто полувреме ја дуплираа.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анастасија Николовска со девет и Марија Јанкуловска со шест гола, додека кај Стружанка се истакна Мендувие Далипоска со пет погодоци.