Пред почетокот на новата сезона во Женската лига, тимот на Ѓорче Петров ќе организира меѓународен турнир од 19 до 21 август.
На турнирот освен домашната екипа ќе настапат и екипите на Вардар и Деспина, додека од Србија доаѓаат две екипи – шампионот Јагодина и Бор. Се чека потврда од Раднички Крагуевац за комплетирање на вкупниот број на учесници.
Турнирот ќе добие на квалитет со доаѓањето на младинската репрезентација на Чиле. Младите репрезентативки на Чиле ќе бидат гости во Скопје и не е исклучена можноста да одиграат уште неколку пријателски натпревари.
Наскоро треба да биде познат распоредот и саатниците за турнирот кој ќе биде проверка за амбициозната екипа на Ѓорче Петров, како и за Вардар и Деспина кои освен во домашната лига ќе учествуваат и на европска сцена.