Ѓорче Петров на максимум, лесно се справи со Стружанка

Ракометарките на Ѓорче Петров ја забележаа третата победа во рамките на плеј-офот од Женската лига, откако славеа без поголеми проблеми против составот на Стружанка со 30-20.

По 5-3 на стартот, избраничките на Симе Симовски направија голема серија од четири гола за 9-3 и веќе најавија која екипа ќе ги освои бодовите. Беше и 12-4, но следуваше мал пад во играта на домаќинките, па Стружанка намали до паузата на 16-11.

Во вториот дел ниту еднаш не беше загрозена високата предност на Ѓорче Петров, па до крајот рутински само беше довршен натпреварот.

Најдобри стрелци во победничката екипа беа Ана Марија Коларовска со шест гола, како и Јанкуловска, Цветановска и Петровска со по четири погодоци. Кај Стружанка се истакна Магдалена Делиоска со девет гола.

ПозЕкипаНПРЛБ