Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за Лигата на Европа и Европскиот Куп.
Во женска конкуренција, Македонија ќе има три претставници во Европскиот Куп – Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, a денеска сите ги дознаа ривалите.
Шампионот Ѓорче Петров ќе се соочи со црногорскиот состав Тиват и за разлика од лани кога мораше да патува на Исланд, сега патувањето нема да биде проблем.
Вицепрвакот Куманово за ривал го доби Херцогенбуше од Швајцарија, а првиот натпревар ќе го игра на домашен терен.
Амбициозниот Чаир ќе игра против составот на Венло од Холандија, а исто како и Куманово првиот меч треба да го игра на домашен терен.
Првите натпревари од второто коло ќе бидат одиграни на 23/24 септември, додека реваншите се една недела подоцна.