Ѓорче Петров како брз воз низ Штип

Ракометарките на Ѓорче Петров славеа убедливо на гостувањето во Штип кај Астибо со 19-35 во натпревар од 13 коло во Женската лига.

Неизвесно беше само во првите неколку минути кога беше 2-2. Гостинките потоа си го фатија редот, стигнаа до плус три, 2-5, а полека ја градеа предноста, која на пауза беше 12 гола разлиа, 9-21.

Второто полувреме не донесе ништо ново на теренот. Избраничките на Симе Симовски комплетно го надиграа противникот и си заминаа од Штип со убедлив триумф.

Најдобри стрелци во тимот на Ѓорче Петров беа Ангела Јанкуловска и Симона Василева со по шест гола, додека кај Астибо се истакна Марија Анчева со осум погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871022
2КУМАНОВО861119
3ПЕЛИСТЕР 2012840412
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82066
5ГЕВГЕЛИЈА80080