Тимовите на Ѓорче Петров и Деспина остварија максимални шест победи на шест натпревари во есенскиот дел од Пионерската лига во женска конкуренција.
Во групите Б и В, овие два тима немаа вистинска конкуренција и се наоѓаат на чекор до пласман на завршниот турнир.
Во групата А е најинтересно. Таму екипите на Јехона, Пелистер и Стружанка се издвоија на врвот и најавија возбудлив пролетен дел.
По завршување на последното коло првопласираните екипи од групите директно се пласираат во Ф4. Второ пласираните екипи играат бараж натпревари за пласман на Ф4. Со ждреб една екипа од група Б и В се пласира во финале, а останатите две екипи играат меѓусебен натпревар за пласман во финалето на баражот.
Победникот во финалето обезбедува пласман на Ф4, заедно со трите првопласирани екипи од А, Б и В групите.