Екипите на Ѓорче Петров и Вардар, како и Тиквеш ќе имаат грчки тестови пред стартот на новата сезона во Женската лига, односно Суперлигата.
Откако овие две екипи настапија на турнирот „Ѓорче Куп“, претстојниот викенд ќе одиграат уште по два меѓународни натпревари.
ПАОК Солун и Панорама ќе гостуваат во Скопје. В сабота ќе има пресметки меѓу ПАОК и Ѓорче Петров од 19:00 часот, односно меѓу Панорама и Вардар од 20:00 часот
В недела, Ѓорче Петров ќе одигра пријателски натпревар против Панорама од 11:00 часот, додека вардарки ќе се соочат со шампионот на јужниот сосед, ПАОК од 13:00 часот.
Панорама ќе игра в сабота и против Металург од 13:00 часот во Автокоманда, додека в недела ќе се сретне и со Куманово од 18:00 часот.
В петок на 2 септември, Тиквеш ќе одигра натпревар против шампионот Олимпијакос од 18:00 часот, кој ќе има хуманитарен карактер. Кавадарчани, поради европските обврски на Еурофарм Пелистер 2 имаат слободен викенд, што ќе биде искористен за последен тест пред официјалните мечеви.
Новата сезона во Женската лига ќе стартува на 10/11 септември, додека Суперлигата во машка конкуренција стартува претстојниот викенд.