Македонскиот шампион Ѓорче Петров задржа уште една ракометарка од ростерот од минатата сезона.
Станува збор за Мила Ѓорѓиевска, која го продолжи договорот и ќе му биде на располагање на тренерот Симе Симовски и во претстојната сезона.
Ѓорче Петров претходно ги продолжи договорите со Ива Велкова, Ана Марија Коларовска, Милица Николиќ, Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Ива Божиноска, Марија Јанкуловска, Слободанка Кицеска и Анастасија Николовска.
Клубот за новата сезона засега ангажираше две имиња. Станува збор за голманките Матеа Чурлиновска од Куманово и Јована Трајкоска од Вардар.
Ѓорче Петров го освои третото место на турнирот „Ѓорче Куп“ со победа на пенали над Бекамент ББ, а допрва ќе биде познато уште некое ново засилување пред стартот на сезоната.
.
.
Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон.
Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.